Мицкоски се Сретна со Хелбах

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски оствари средба со Кристијан Хелбах, Специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Сојузна Република Германија и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО.

Во врска со Договорот со Република Грција Мицкоски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки и дека Партијата не може да го поддржи истиот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*