ВМРО-ДПМНЕ реакција на изјавата на Петре Шилегов

Денешната расправа е блед обид на Шилегов  да се затскрие обидот за газење со багер на граѓаните кои искажале поинаков став

Денешната расправа е само блед обид на Шилегов да се затскрие фактот дека со багер  сакаше да ги замолчи граѓаните кои изразиле поинакво мислење  од тоа на власта.

Граѓаните не се плашат од нападите и насилието на власта, а Шилегов не може да го сокрие фактот дека со багер тргна да гази граѓани кои изразуваат став.

Шилегов и СДСМ се нервозни затоа што граѓаните не ги поддржуваат нивните капитулантски политики, па во паника удираат удираат по граѓаните, кои јасно им застануваат на патот.

Граѓаните се разочарани. Шилегов наместо да работи во нивна корист да прави мерки и проекти  повеќе од 10  месеци потроши на бледи настапи и шетање во странство. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и  тоа се гледа од ден  во ден, единствен  негов проект е пуштањето автобуска постројка со музика и најавата дека комуналните претпријатија ќе го чистата сметот по улиците, кој никако да почнат да го чистат.

Шилегов нема  капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*