Министерот за Надворешни Работи Димитров го посети Летниот камп по Македонски јазик и култура

Денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров го посети Летниот камп по македонски јазик и култура “Ја сакам Македонија”, што во организација на Министерството за надворешни работи се одржува во Охрид, а на кој учествуваат деца со македонско потекло од десет држави од Регионот и пошироко. Оваа манифестација се одржува од 2012 година.

Mинистерот Димитров изрази благодарност за интересот да се посетува наставата по македонски јазик и потенцираше дека бројното присуство е уште еден доказ за љубовта кон Република Македонија како нивна втора татковина.

Министерот укажа на потребата, сите и особено најмладата генерација да го чуваме и афирмираме македонскиот јазик  како наше најголемо духовно и културно наследство. Во таа насока тој изјави: “Овие манифестации се од огромна важност за нас како Македонци и нужно е да продолжат да се негуваат и да стануваат помасовни, пред се’ заради нашите идни генерации.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*