Министерот за Надворешни Работи Димитров во посета на САД

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, од 20 до 22 август 2018г., ќе престојува во работна посета на САД.

Покрај средбата со државниот секретар Помпео, предвидени се средби на министерот Димитров со високи претставници на американската администрација – Советот за национална безбедност, Стејт департментот, Конгресот, како и со претставници на невладини организации и други институции во Вашингтон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*