Средба на премиерот Заев со амбасадорот Пломп: Поддршка од Кралството Холандија на процесот значаен за членство на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп.

На средбата е изразена поддршка на политиките што водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија.

-Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Република Македонија на претстојниот референдум, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека е од голема важност секој граѓанин и политички субјект да ја има предвид и личната одговорност за историскиот момент што отвора економски и безбедносни перспективи за нашата држава и за граѓаните на Република Македонија.

Во разговорот е изразено очекување дека Македонија ќе продолжи со реформските процеси, посебно во делот на правосудството, што ќе придонесе во евроинтеграцискиот процес. Холандскиот амбасадор во оваа насока најави експертска помош од Холандија за Македонија. Исто така изразено е и очекување дека Македонија во скоро време ќе стане 30-та земја членка на НАТО.

Премиерот Зоран Заев на денешната средба се заблагодари на холандскиот амбасадор Ваутер Пломп за принципиелната поддршка од Кралството Холандија на демократските процеси во Република Македонија, вклучувајќи ја и поддршката на принципиелно ниво на актуелниот политички процес значаен за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*