СДСМ: Со Членство во ЕУ влегуваме во Пазар од 500 милиони Потрошувачи

Почитувани граѓани,

Македонско-грчкиот договор го отвора патот за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со признаен и зајакнат македонски идентитет.

Со пристапувањето кон ЕУ создаваме услови за подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани, за поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, инвестиции, раст и развој.

Со членство во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, или 7,5% од светската популација.

Влегуваме во најголемата светска економија со учество од 23,8% од светскиот БДП.

За нас како држава, за нашите граѓани и компании, тоа ќе значи влез во 25 пати поголем пазар, со приближно 5 пати поголем стандард на живот (според БДП по жител) и значително ниска стапка на невработеност.

Членството во ЕУ го подобрува кредитниот рејтинг на земјата и значително ги зголемува домашните и странските инвестиции.

Новите инвестиции ќе отворат нови работни места, кои проследено со инвестиции во нови знаења  и технологии, како и реформите во образованието ќе придонесат за зголемување на конкурентноста на домашната економија.

Зголемената конкурентност ќе значи зголемување на извозот и трговијата и побрз економски раст.

Со тоа нашата економија ќе биде подготвена за конкуренцијата во големиот европски пазар, кој претставува најголем трговски партнер на Република Македонија.

Почитувани граѓани,

Со една наша одлука овие вредни и значајни придобивки од членството во ЕУ и НАТО можат да станат наша реалност, наше секојдневие, светла иднина за нас и за нашите деца.

На 30-ти септември, имаме историска шанса тоа да го обезбедиме, членство во ЕУ и НАТО со обезбеден македонски идентитет, македонска култура, наследство, македонски јазик, еднаш-засекогаш.

ДА за македонската иднина.

 

Костадин Костадинов

Пратеник од СДСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*