СДСМ: ПО Влезот во НАТО и ЕУ, Економијата ќе се Движи по Нагорна Линија

Почитувани граѓани,

Политиките за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, заедно со економските политики на Владата и планот за економски раст даваат резултати. Економијата се движи во нагорна линија.

Како што Македонија се доближува до ЕУ и НАТО така се зголемуваат странските инвестиции, доаѓаат повеќе пари, расте извозот, растат платите, се зголемува индустриското производство.

Во првиот квартал од оваа 2018 година, вкупните странски директни инвестиции изнесуваат над 235 милиони евра. Тоа е повеќе од вкупниот  износ на странски инвестиции во 2017 година и е највисок квартален износ од 2006 година до сега.

Раст од 26.5 проценти во првите шест месеци од 2018 години бележи извозот на стоки од Република Македонија.

Забележан е и рекорден раст на индустриското производство од 12.1 проценти во јуни оваа година.

Просечната нето плата во мај оваа година изнесува 24.509 денари. Тоа е за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2017 година.

Овие позитивни трендови значително ќе се зголемат со целосно интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО значи загарантирана стабилност и безбедност, но значи и можност за многу повеќе инвестиции. Тоа носи повеќе пари во економијата, нови и подобро платени места и повисок животен стандард за сите граѓани.

Членството на Македонија во ЕУ пак, гарантира силни институции, правна држава, зголемена мобилност и еднакви шанси за сите.

Членството во ЕУ е пристап до пазар од 500 милиони жители, пристап до европски фондови, до европско образование, европско здравство за сите граѓани на Република Македонија.

Она што е најважно, со влезот на Македонија во ЕУ И НАТО македонскиот идентитет е загарантиран и зајакнат. Македонски народ, македонски јазик, Македонец, Македонка, македонско обезбедени и признаени еднаш засекогаш. Никој и никогаш нема да може да ги оспорува или негира.

Почитувани граѓани,

На референдумот, заедно да кажеме историско ДА за влез во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција кој го гарантира и македонскиот идентитет.

ДА за подобар живот и повеќе пари за сите.

Да кажеме ДА за македонската иднина.

 

Јован Митревски,

Пратеник од СДСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*