СДСМ: Криминалната Матрица на ВМРО-ДПМНЕ не може да Разбере што е Одговорност

Во Македонија се случува она што не беше замисливо во минатото: одговорност, отчетност, транспарентност, почитување на прописите и законите.

Нема повеќе недопирливи, нема „наши“, „ваши“, „нивни“, нема бегање од одговорноста, за секого важат истите правила.

Видлива е разликата меѓу одговорното однесување на Владата сега, почитувајќи ги правилата, процедурите, законите и дивеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере значењето на зборот „одговорност“ .

За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ криминалот на фамилијата беше под заштита на МВР, се проведе незаконско прислушување на илјадници граѓани, полицијата беше лева рака на злоупотребите и партизацијата, а министерството беше претворено во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема повеќе МВРО-ВМРО. Времето на злоупотреби заврши одамна.

Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво.

 

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*