СДСМ: Заедно на Референдумот да ја Обезбедиме Иднината на Македонија

Нивните лаги и манипулации почнаа да го уриваат угледот на државата и на меѓународно ниво, нанесувајќи непоправлива штета кај нашите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот.

За да ги покрие скандалите, злоупотребите и криминалите во кои се фатени пријателите на Заев, вчера повторно беше злоупотребено Министерството за внатрешни работи за да се дезинформира јавноста со измислена голема полициска акција против терористи и радикали кои учествувале на боиштата во Сирија.

Вистината е дека МВР лажеше! Голема полициска акција немало!

Затоа Спасовски цел ден се криеше и немаше дополнителни информации кога и каде се приведени опасните радикали, за кои што беа обезбедени информации уште во рамки на операциите Келија 1 и 2, пред МВР да биде претворено во МВР – Турс.

Вистината ни ја открија денеска нашите партнери од Пентагон кои посочија дека Сириските Демократски Сили до јули заробиле 600 странски платеници од повеќе од 40 земји. Kако што откриваат меѓународните медиуми, македонската полиција вчера немала никаква акција, туку била извршена само репатријација односно преземање на приведените македонски државјани на скопскиот аеродром.

ВМРО ДПМНЕ ја поздравува соработката со САД и останатите партнери од глобалната коалиција за борба против тероризмот, но најосторо ги осудува обидите за манипулација од страна на СДСМ и злоупотребата на институциите која што ја гледаме во моментов.

Со вакво срамно однесување на Оливер Спасовски и МВР, само се нарушува меѓународниот углед на државата.

Ваквото срамно однесување мора да престане.

 

Славица Шуманска-Митева,

Пратеник од Владејачкото Мнозинство предводено од СДСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*