ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето на СДСМ ќе Одговараат за Нивниот Криминал

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСм во ворска со интервјуто на лидерот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан мицкоски за Канал 5 Телевизија:

 

Членот 353 за кој збори СДСМ е членот по кој СДСМ, нејзините функционери кои денес криминално управуваат со Република Македонија ќе одговараат до последен.

Одговорност ќе има за криминалците на власт кои делат државни пари на своите приватни фирми, и тоа броејќи во стотици милиони евра, токму по тој член ќе одговараат вицепремиерот чии фирми добија грантови за иновации и други државни тендери, пратеници, партијаши на СДСМ, членови на кабинетот на Заев кој во исто време се државни функционери и бизнис пајташи кои се богатат на грбот на народот.

Одговорност ќе има и за криминалот во здравството, за хаосот во земјоделието, енергетиката и образованието.

Христијан Мицкоски ниту договарал ниту барал некаква амнестија, тоа е тема измислена од власта за да го покријат својот криминал. Единствени на кои им одговара таков процес се луѓето од власта. Треба да е јасно дека компромис со почитувањето на словото на законот нема да има и одговорноста ќе биде поставена за секој кој го прекршил законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*