10 години, во секој јавен настап, во секоја изборна програма, ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со Грција, на референдум.
Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски и патриотски Договор, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема став.
Ќе се охрабри ли Христијан Мицкоски да ќе каже за што е неговата ВМРО ДПМНЕ?
Прашањето е едноставно, или е за иднина и членство во НАТО и ЕУ или е за изолација?
Доколку Мицкоски не ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина ќе покаже дека лажеле со години и дека всушност се за изолација.
Заради амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во изолација и неизвесност.
Македонија е далеку посилна од антидржавното однесување на Мицкоски и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација.
Како одговорна и државотворна партија, СДСМ заедно со сите политички субјекти кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА