Во врска со настанот во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, Министерството за труд и социјална политика ве известува за следното:
Во рамки на извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на службите за инспекциски надзор за заштита на децата земени се изјави од директорката и од вработените во градинката. Директорката е задолжена со следното: веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата.
Одделение за односи со јавност
Министерство за Труд и Социјална Политика