ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Картелот на Власт Спроведуваат Грабеж како од Дивиот Запад

СДСМ и картелот на власт спроведуваат грабеж како од дивиот запад. Нема државен тендер или грант, кој не го доби фирма или невладина организација поврзана со СДСМ. На криминалните тендери и грантови им нема крај.

Секој нов ден, нов скандал, а после скандалот со сомнително поделените грантови од Фондот за иновации, јавноста е повторно сведок на делење на државни пари на високи функционери, овој пат од страна на министерството за одбрана. Министерката Радмила Шеќеринска одобрила грант од половина милион денари за невладина организација каде таа самата членува, а со неа раководи лично советникот на Зоран Заев, Исмет Рамадани.

Ниту Кочо Анѓушев не беше задоволен со парите кои ги спечали на товар на граѓаните па сега повторно неговата компанија „Брако“ се наоѓа во центарот на вниманието со добиениот државен тендер во вредност од 37 илјади евра.

Општиот грабеж кој СДСМ го спроведува во Македонија не може да се сокрие со распродажба на националните и државните интереси. Грабежот СДСМ не може да го сокрие со разни капитулантски договори или со откажување од се што е македонско. Во Европската Унија и НАТО, Македонија не може да влезе со криминалиот картел сместен на Илинденска бб.

Со промена на името, идентитетот, јазикот и откажување од македонското малцинство во соседството, нема да се реши проблемот со корупцијата и арамилакот на картелот. Капитулантскиот договор за промена на името кој Заев го договори со Грција, нема да го реши проблемот со судството, кое наместо да го гони, го амнестирал криминалот на високи функционери на СДСМ меѓу кои и самиот Заев.

Институциите мора да се одважат, да покажат доблест и да се справат со криминалот на СДСМ. Правосудниот систем мора да почне да ја работи својата работа, а доколку не со тоа дефакто станува соучесник во криминалот на власта. Прашање на време е кога во Македонија ќе се врати правната држава, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот исто како што ќе одговараат тие што го амнестирале криминалот. Која ќе се врати правната држава, Македонија повторно ќе се врати на својот евроатлански пат, без капитулација која ја нуди Заев и СДСМ. Тогаш навистина Македонија ќе победи! Македонија ќе влезе во ЕУ, кога картелот ќе излезе од власта!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*