Заев – Палмер: Поддршка од Вашингтон за Успешен Референдум во Македонија и Членство во НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, попладневно одржа средба со Вршителот на должност заменик-помошник државен секретар на САД, Метју Палмер.

На средбата во кабинетот на премиерот Заев, се разговараше за политичките процеси во земјава како и подготовките за реализирање на претстојниот Референдум закажан за 30 септември.

Заеднички беше оценето дека ова е историски настан во кој граѓаните треба целосно да се вклучат и да ја имаат можноста слободно да се изјаснат.

На средбата беше истакнато дека потпишувањето на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција е позитивен пример за целиот регион на Југоисточна Европа во насока на решавање на отворените прашања, гарантирање на стабилност, подобрување на добрососедските односи и продлабочување на економската соработка.

Премиерот Заев изрази благодарност за силната поддршка од страна на САД за време на неодамнешниот самит на НАТО во Брисел кога нашата земја ја доби поканата за започнување на преговорите за членство во НАТО.

Стејт Департментот повеќе пати јасно има изразено силна поддршка кон интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во ЕУ и останува доследен на своите принципи на поддршка.

Двете страни се согласија дека во иднина ќе продолжи и ќе зајакне стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*