Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Осман oствари, средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп.
Тема на разговор беа активностите кои ѝ претстојат на државава во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, зMKTODAY MKа новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос Договорот со Грција, за поддршката од страна на Кралството Холандија за нашите европски интеграции, како и за останати актуелни теми.
„Работиме интензивно на подготовките на тимот и структурата за почеток на преговорите, притоа, задржувајќи го фокусот на Владата кон реформите со кои во наредниот период ќе испорачаме конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, но и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области”- подвлече Османи.
Во продолжение, Османи го информираше амбасадорот за текот на подготовките за претстојниот референдум, како и создавањето поддршка за имплементација на преземените обврски од меѓународните договори, особено за имплементација на Договорот за решавање на меѓусебниот спор со Грција.
„Имаме јасни европски и евроатлантски перспективи, и како Влада сме целосно посветени на имплементација на преземените обврски, со цел заокружување на процесот на европски и евроатлантски интеграции“, истакна Османи, посочувајќи притоа дека на тој пат очекува да продолжи искрената поддршка од страна на Кралството Холандија.