Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, јa прими г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија.
Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.
На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во Република Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа. Претседателот Иванов потенцираше дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент. За таа цел е неопходно јакнење на регионалната соработка и јакнење на меѓусебната доверба и поддршка, порача на средбата претседателот Иванов.
Двајцата соговорници разменија мислења за стратешките цели и надворешно политички приоритети на Република Македонија и изразија подготвеност за натамошно продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.
На средбата беа разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен на потребата од јакнење на економската соработка.