Премиерот Заев од Првиот Дел од Лидерската Средба

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во име на лидерите на четирите политички партии што денеска учествуваат на лидерската средба, за претставниците на медиумите и за јавноста, ја даде следната изјава за досегашниот тек на разговорите, која ви ја пренесуваме во целост:

За овие три лидерски средби требаше нерви, трпение и многу мудрост. Јавноста треба да знае. Пруживме рака и покажавме разбирање за многу прашања, но почитувајќи го нашиот неприкосновен принцип.

Уште пред потпишувањето на договорот со Грција му ги прифативме сите услови на Христијан Мицкоски за изборот на ДИК. Уште пред лидерските средби работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го усогласија текстот на новиот предлог закон за финансирање на политичките партии со вклучени предлози на опозицијата.

Денес, го прифативме и барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направат законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори, со формат идентичен на пржинскиот.

Согласно тоа, се договоривме денеска да заврши лидерската средба, да нема одложување. Како ќе се договориме зависи од сите нас внатре. Но, овде завршивме една фаза, ја споделуваме со граѓаните, и се враќаме на прашањето за референдумот.

Ќе разговараме за референдумското прашање, за карактерот на референдумот и за датумот на одржување. Ова го правиме како владеачко мнозинство да покажеме доблест, државтворност, заради важноста на целиот овој процес и продолжуваме понатаму.

Македонија ќе биде членка на НАТО и на ЕУ.

Продолжуваат процесите, штом ќе завршиме веднаш ќе дадеме изјави и одговори на сите ваши прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*