Заев со другарчињата од Грција, Босна и од Црна Гора сплете венче и го пушти по Неретва :-)

Премиерот Зоран Заев во понеделникот скокна до Мостар на традиционалната манифестација Mostar Peace Connection, организирана од локална невладина организација, каде се сретна со другар му Алексис Ципрас, и со колегите од Босна и од Црна Гора – Денис Звиздиќ и Душко Марковиќ.

Балканските другарчиња положиле цвеќе во Неретва, во знак на мир и почит кон жртвите од сите војни.

Нашиов пред медиумите го истакнал „храброто лидерство на сите премиери од регионот кои на темелите од минатото градат иднина“ (не дека сакал себе и Ципрас да се пофали 😉 )

Им честитал на „моите драги пријатели Алексис и Душко“, кои една година после него ја добиле наградата, и рекол дека тоа што дошле сега во Мостар е силна порака, бидејќи „промовиравме како еден лидер може, треба и мора да се издигне над предрасудите, и самиот да стане мост, поврзувајки се со други лидери кои им мислат добро на своите граѓани…Никој сам не успеал. Ние, лидерите од регионот се поврзавме меѓусебно, покажавме достоинствена почит едни за други, завртевме грб на она што `не дели и го дофативме она што `не поврзува“, а што, според него, е „ заедничката иднина на нашите граѓани, на регионот и на светот,  потребата за стабилност, сигурност и безбедност, а со тоа и економски придобивки, за нашите граѓани и нашите држави.“

Четирите „нови мостарски мостови“ требаше и утре да бидат таму, ама грчкиот, се чини, морал  да летне дома, оти му гори во Атина.

Кај нас е релативно влажно, и без пожари, па Заев ќе остане малку и утре и ќе зборува на некаков собир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*