МИНИСТРИ ИЗЈАВУВААТ ТОТАЛНА НЕТОЛЕРАНЦИЈА КОН КОРУПЦИЈАТА

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во текот на вчерашниот ден беше во посета на општините Гостивар и Брвеница кадешто се сретна со граѓани, симпатизери и членови на СДСМ. На средбите со граѓаните во Брвеница Спасовски разговараше за повеќе актуелни теми и прашања што се од интерес на граѓаните, а особен акцент беше ставен на отворената евроатлантската перспектива на државата.

– За само една година, Владата предводена од СДСМ успеа да ги реализира клучните мерки ветени пред граѓаните, а коишто обезбедуваат повеќе пари во секое семејство, помали трошоци, европска и стабилна иднина, независни институции, правда и еднаквост за сите, рече Спасовски.

Потпретседателот Спасовски беше дециден дека нема да се отстапи од принципот на правната држава и расчистување со криминалот.

-Оние што заговараат амнестија можам да им порачам дека амнестија нема да има. Секој што се огрешил ќе одговора согласно законите во една транспратентна постапка, рече Спасовски.

Тој го акцентираше напредокот на Македонија после долги години порази и тапкање во место.

– Македонија оди напред. Со Договорот го гарантираме и јакнеме македонскиот идентитет и обезбедуваме членство во НАТО и ЕУ. Македонија ниже историски успеси со остварување на овие стратешки, врвни национални и државни инетерси. Македонската безбедноста и сигурност е обезбедена. Членството во НАТО носи раст на економијата, инвестиции, работни места, повисоки плати, повеќе пари кај граѓаните, се зајакнува капацитетот на институциите и неселктивното владеење на правото, порача Спасовски.

Потпретседателот Спасовски упати повик до Иванов да не ја кочи маекедонската иднина и да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот.

-Иванов да не ја кочи македонската иднина, да не работи спротивно од волјата на граѓаните и да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот затоа што тоа е уставна обврска, рече потпретседателот Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*