
Министерот за одбрана Мисајловски оствари средба со заменик-претседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, кој ја предводи полската делегација за време на официјалната посета на Северна Македонија.
„Нашето партнерство со Полска, како наш сојузник во НАТО, претставува значајна основа за унапредување на одбранбената соработка и зајакнување на колективната безбедност“, изјави Мисајловски.
Заменик-претседателот на Сејмот се сретна и со својот колега, Антонијо Милошоски. На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и подготвеност за нивно понатамошно продлабочување преку интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски. Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на Северна Македонија.
Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од Полска на патот кон полноправно членство во ЕУ. Во рамките на своите активности во Северна Македонија, делегацијата предводена од Холовња оствари средба и со Пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со Сејмот.