
Уставните измени се чекорот што Северна Македонија треба да го преземе за процесот на интеграција да продолжи без дополнителни политички одлуки, изјави еврокомесарката за проширување, Кос, по средбата во Брисел со заменик-премиерот и министер за европски прашања, Сали.
Фокусот на средбата беше ставен на Планот за раст и процесот на пристапување на земјата кон ЕУ, при што Кос апелираше до Владата да ја исполни обврската во врска со процесот на уставни измени. Како што истакна таа, иако претстои многу работа, сè се сведува на еден единствен чекор: процесот на уставни измени.