
Коалицијата ВЛЕН соопшти дека го почитува исходот од првиот круг на локалните избори во Брвеница, при што истакна дека нивниот кандидат за градоначалник, Јакуп Хусеини, веднаш по гласањето му честитал на кандидатот со најмногу гласови, Аркин Јахији, и му понудил поддршка пред вториот круг.
Во соопштението, ВЛЕН наведува дека одговорноста за мобилизирање на гласачите сега е кај Јахији и неговата коалиција, притоа критикувајќи ја, како што ја нарекоа, реториката на поделби и нападите од страна на опозицијата.
Коалицијата нагласи дека нејзините гласачи се охрабрени да го поддржат албанското единство и албанскиот кандидат во вториот круг, предупредувајќи дека секое политичко пазарење поврзано со Брвеница би претставувало предавство на гласачите и на жителите на општината.