Апелациониот суд ја образложува одлуката за повторно судење во случајот со Ѓорчевски

Во однос на однесувањето на Александар Ѓорчевски пред и по грабнувањето на неговата ќерка Вања, како и во однос на исказите на обвинетите за нејзиното движење и хронологијата на настаните, Кривичниот суд не утврдил доволно јасни факти и извршил нецелосна оценка на доказите.

Ова е образложението на Апелациониот суд, кој ја укина ослободителната пресуда за Ѓорчевски и му наложи на Кривичниот суд да ја оцени доказната вредност на исказите дадени од Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, како и околностите поврзани со движењето на девојчето и конкретните докази што утврдуваат како таткото знаел кога таа ќе излезе од дома и ќе тргне кон училиште.

Исто така, побарано е да се испита временската и фактичката поврзаност помеѓу настаните од 24 ноември 2023 година и 27 ноември 2023 година.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *