
Кандидатот на СДСМ на локалните избори во Брвеница, Јовица Радески, им се заблагодари на сите граѓани кои гласаа на изборите, оценувајќи дека резултатите покажуваат пад на поддршката за владејачкото мнозинство и пораст на поддршката за опозицијата.
Тој додаде дека, со прелевањето на гласовите од „ЗНАМ“ и „Левица“, падот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница надминал 800 гласа. Во тој контекст, тој упати критики кон платформата „12:05“, нарекувајќи ја „ЗНАМ 2.0“.
„’ЗНАМ‘ и ’Левица‘ гласаа за ВМРО, а луѓето од платформата ’ЗНАМ 2.0‘ работеа против мене и против СДСМ“, изјави Радески.
Сепак, платформата „12:05“ ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека раководството на СДСМ ја префрла вината за изборните порази врз другите, додека партискиот лидер Филипче не презема никаква одговорност, потенцираат од платформата.