
Изјавите на бугарските власти го затворија прашањето за можната екстрадиција на Михаилова во Северна Македонија. Постапувајќи по меѓународната потерница, Бугарија треба да ја уапси, а потоа да ги извести властите во Северна Македонија за да можат тие да ја започнат постапката. Министерот Шасивари очекува официјално известување.
„Ситуацијата е главно поврзана со судството и со Јавното обвинителство, но пред целата јавност изјавив дека штом добијам официјална информација, веднаш ќе постапам во однос на екстрадицијата, што е моја законска надлежност и одговорност“, изјави тој.
Според „Телма“, неврологот Иван Барбов, кој препорачал лекување во странство, не ги внел прегледите на Михаилова во системот „Мој термин“, поради што ќе биде парично казнет.