
Апелациониот суд во Скопје го осуди поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, на казна затвор во траење од една година и седум месеци, пренесува Expres.mk, повикувајќи се на извештај на „Коха“.
Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата во врска со договори за консултантски услуги за изработка на ситуациски анализи и потенцијална приватизација на „Пошта“ и „Железници“, кои биле доделени без спроведување постапка за јавна набавка. Пресудата е донесена по повторено судење. Зекири има право на жалба до Врховниот суд во рок од осум дена.
Според Обвинителството, со договорите е предизвикана штета на државниот буџет во износ поголем од 1,1 милион евра. Од Апелациониот суд нагласуваат дека е наредена конфискација на имот од правното лице со кое бил склучен договорот, „Интерхолдинг“, но не и од Зекири.