
Поранешниот вицепремиер Груби во вторникот вечерта беше пречекан со огномет, факели и петарди во општина Чаир, откако му истече мерката куќен притвор во рамките на судскиот процес за „Државна лотарија“. Десетици граѓани, пријатели и поддржувачи се собраа за да го поздрават неговото ослободување од куќен притвор.
Груби се огради од организирањето на пречекот, наведувајќи дека тој не го организирал настанот. Адвокатите на поранешниот функционер истакнаа дека собирот бил организиран на иницијатива на соседите, пријателите и граѓаните, а не од страна на Груби.