
Во четвртокот, лидерот на СДСМ, Филипче, продолжи со острите критики кон платформата „12:05“. Според него, тие или треба да помогнат и да се вклучат во партиските активности, или да се тргнат настрана.
„Па ја погребаа партијата за малку. На издишување беше. Па ние сите во изминативе две години тешко работиме, консолидираме и они сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта“, рече Филипче.
Тој исто така го отфрли најавениот план за промени во СДСМ, предложен од оваа платформа.
Подоцна во четвртокот, во интервју за „Сител“, Филипче изјави дека нарекувањето на Мицкоски „идиот“ – потег поради кој беше остро критикуван од ВМРО-ДПМНЕ – не претставувало навреда, тврдејќи дека тоа било дел од наративот што во политичката култура го внел премиерот.