Кос: Европската комисија на 6 октомври ќе претстави дополнителни идеи за постепена интеграција

Комесарката за проширување, Кос, изјави дека на 6 октомври Европската комисија ќе претстави дополнителни идеи за постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во блокот. Таа нагласи дека пристапот „повеќе Европа пред членството“ не претставува замена за полноправното членство во ЕУ.

Говорејќи на состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во Пржно, Кос истакна дека проширувањето е стратешки потфат и посочи дека 2026 година ќе биде рекордна во однос на напредокот во процесот на проширување.

Според комесарката, геополитичкото значење на проширувањето и пристапот заснован на заслуги не се спротивставени принципи. Таа ги повика земјите од Западен Балкан да ги решаваат отворените билатерални прашања преку добрососедски односи, регионална соработка и меѓусебна доверба.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *