Посмртните останки, за кои се верува дека се на цар Самоил, ќе ѝ бидат предадени на Бугарија.

Грција до крајот на оваа недела ѝ ги предава на Бугарија посмртните останки за кои се верува дека му припаѓаат на цар Самоил. Тие ќе бидат пречекани со официјална церемонија во Софија во сабота, на 3 октомври, изјави во вторникот бугарскиот премиер Радев.

Радев наведе дека е постигнат историски договор, како резултат на интензивни преговори меѓу Софија и Атина. Останките од Грција ќе бидат транспортирани со воен авион, по што ќе бидат положени во посебен саркофаг во црквата „Света Софија“.

Бугарскиот премиер го стави предавањето на посмртните останки во контекст на европските вредности, истакнувајќи дека земјите-членки на ЕУ си помагаат меѓусебно во духот на разбирањето и надминувањето на историските разлики.

Во врска со ова прашање, Стојков од ОМО „Илинден“, кој е историчар, вели дека не станува збор за враќање на останки што некогаш ѝ припаѓале на Софија, туку, како што вели тој, за размена во која Бугарија добива материјал за пропаганда.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *