Комисијата ги ослободи од одговорност лекарите во случајот со царскиот рез на Станка Михајлова

Експертската комисија го заврши медицинскиот надзор над третманот на 19-годишната Станка Михајлова од селото Баница, струмичкиот регион, која остана парализирана по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип.

Според комисијата, невролошката состојба на пациентката не била последица ниту на спинална анестезија, ниту на лекарска грешка во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип или Клиниката за неврологија во Скопје.

Според експертите, анестезијата била аплицирана во долниот дел на ‘рбетот, додека промената на ‘рбетниот мозок се наоѓа значително повисоко. По породувањето, пациентката била отпуштена без невролошки симптоми, кои се појавиле неколку дена подоцна. Како најверојатна причина е наведено спонтано крвавење од ретка малформација на крвните садови.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *