
Апелот на претседателот на Собранието, Гаши, за номинирање членови во Анкетната комисија за пожарот во Кочани не го промени ставот на политичките партии.
И владејачкото мнозинство и опозицијата во Собранието продолжуваат да изнесуваат оправдувања зошто не номинираат членови. Лидерот на СДСМ и пратеник Филипче сè уште очекува официјален допис.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на истата причина, изјави дека чека повик од пратеникот и лидер на Левица, Апасиев – кој е претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – за свикување седница на која би се усвоиле заклучоци.