Осум лица осомничени за шверц на цигари и нелегална трговија со лекови

Осум лица се осомничени за шверц на цигари и недозволена трговија со лекови по понеделничката акција на полицијата и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Меѓу нив е и службеник во Царинската управа, но двајца осомничени се во бегство.

За време на претресите во понеделникот, кај главниот осомничен биле пронајдени над 86.000 евра и 16 златни прачки скриени во сефови во неговиот дом, додека од неговото возило биле пронајдени околу дополнителни 7.000 евра.

Со дејствијата е причинета штета на буџетот со избегнати царини, акциза и данок на додадена вредност во значителна сума. Истовремено, неовластеното пуштање во промет на лекови и други производи за лекување без потребните одобренија, упатства и медицински рецепти создаваше опасност по животот и здравјето на луѓето.

Управата бара притвор за тројца осомничени и мерки за претпазливост за уште тројца.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *