
„Македонската армија не е само гарант за мирот и безбедноста на земјата, туку и активно придонесува кон зајакнување на регионалната и колективната безбедност“, изјави министерот за одбрана Мисајловски на министерскиот состанок одржан во вторникот во Брдо, Словенија, во формат на министри за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка (CEDC) и Западен Балкан.
Во контекст на европската поддршка, тој го истакна четвртиот пакет европска помош, кој за првпат вклучува активности за развој на инфраструктурата на полигонот за обука „Криволак“ – исклучително важен ресурс за обука и вежби на Армијата на Северна Македонија, како и на сојузниците и партнерите.