Гаши коментира повеќе теми

Собранието се соочува со проблем околу обезбедувањето на Бадинтеровото мнозинство, потврди претседателот на Собранието, Гаши. Околу 10 предлог-закони се во застој поради неможноста да се обезбеди двојното мнозинство. Во понеделникот, Гаши истакна дека се прават напори за надминување на разликите преку дијалог. Сепак, во моментов не се гледа конкретно решение, додаде тој.

Поради отсуството на Бадинтерово мнозинство, Гаши во моментов не ги става на гласање предлог-законите за правична застапеност, за високо образование и за локална самоуправа, иако тие одамна ја поминале целосната процедура во комисиите. Исто така, Гаши го одбрани својот став во врска со пресудата од Хаг за четворицата поранешни лидери на ОВК, нагласувајќи дека ставот бил личен и дека смета оти има право да го изнесе.

Во однос на прашањето за Изборниот законик, претседателот на Собранието рече дека за тоа се разговарало на координативната средба со пратеничките групи претходно истиот ден.

Гаши сè уште ги очекува и номинациите од политичките партии за формирање на анкетната комисија задолжена да ги испита трагедиите во Кочани, во тетовската болница, Ласкарци и случајот „Беса Транс“.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *