
Најмалку шест лица се приведени во големата операција започната во понеделникот наутро против криминална група осомничена за шверц и нелегална трговија со лекови, медицински препарати и додатоци.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во операцијата учествуваат повеќе полициски тимови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Се вршат претреси на околу 10 локации во Скопје, Тетово и Гевгелија. Досега, ниту Министерството ниту Обвинителството не објавија целосни детали за операцијата.
Сепак, министерот за здравство Клековски за „Телма“ изјави дека во фокусот на операцијата се додатоци за подобрување на потенцијата.