
Во петокот се одржа рочиште за случајот „Лотарија“. Поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој беше задржан во притвор на 9 септември откако доброволно се пријави во полиција, се изјасни дека не е виновен.
На рочиштето, Кривичниот суд одлучи доказите да се изведуваат на начин предложен од Обвинителството – преку читање на насловите и појаснување на околностите на кои тие се однесуваат. Адвокатот на Бајрами, Еленко Миланов, реагираше на ова, барајќи доказите да се изведуваат во целост бидејќи, како што истакна, случајот е од голем јавен интерес. Сепак, одлуката на Судот остана непроменета.
Судењето ќе продолжи на 23 септември, кога Обвинителството ќе ги чита доказите. Во овој случај, покрај Бајрами, на обвинителна клупа се наоѓаат уште седум лица, меѓу кои и поранешниот заменик-премиер Груби.