
Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски, која моментално е во посета на САД, е составена од „четворицата јавачи на апокалипсата за Македонија“, изјави лидерот на СДСМ, Филипче, во интервју за Канал 5.
„Не треба да се изненадат ако таму добијат црвен картон. Тие не носат ништо друго освен штета – поради нив нема развој, поради нив цвета корупцијата“, додаде тој.
Лидерот на СДСМ нагласи дека стратешките партнери многу добро знаат што се случува во земјата и дека владата не може да ја скрие реалноста преку посети и декларативни изјави.
„Дали Мицкоски навистина мисли дека нашите стратешки партнери, Американците, не знаат оти тој ги контролира медиумите? Зар не знаат дека во Македонија има медиуми контролирани од Србија и Унгарија? Зар не знаат дека овде се поткопува демократијата?“, праша Филипче.