
Во вторникот се одржа ново рочиште во судскиот процес против судијата од Апелациониот суд, Ѓоко Ристов. Таткото на судијата Ристов знаел за парите скриени во ѕидот, но не кажал никому бидејќи неговите деца не знаеле дека тој крие 350.000 евра. Ова го изјави адвокатот на одбраната на семејството, Александар Варела, кој бил присутен за време на претресот.
Според исказот на Варела, полициските службеници што ги пронашле парите не внимавале каде ги оставаат обвивките од фолија во кои биле завиткани парите. Токму тоа претходно ја формираше тезата на одбраната – дека фолиите биле контаминирани со ДНК на обвинетиот поради неправилното ракување со тие докази.
Од друга страна, Обвинителството тврди дека тој исказ не е веродостоен.
Сведочеше и сопственикот на продавницата за мобилни телефони каде што Ристов наводно го однел својот телефон на поправка – мобилен уред што Обвинителството не успеало да го пронајде за време на истрагата. Сепак, тој изјави дека никогаш не го видел обвинетиот, ниту пак му го сервисирал телефонот.