
Во понеделник, лидерот на СДСМ, Филипче, повторно изјави дека неговата партија е целосно подготвена за предвремени избори во секое време, но дека нема да служи како политичко алиби за премиерот Мицкоски.
Во одговор, ВМРО велат дека Филипче е целосно одвоен од реалноста и повторува сè што му диктирал поранешниот премиер Заев. Резултатот на изборите му е јасен на Филипче, поради што бега од соочување со граѓаните, се додава во соопштението.