
Лидерот на СДСМ, Филипче, го обвини премиерот Мицкоски за изолирање на земјата и за повторно отворање на меѓуетнички теми и тензии во време кога, според него, владата нема резултати.
Во интервју за Сител, тој вели дека политиката на сегашната влада се темели на создавање чувство на страв и ранливост во однос на македонскиот јазик и идентитет, иако, како што тврди, тие прашања веќе биле заштитени со договори постигнати за време на владеењето на СДСМ.
Ставот на Филипче е дека изолацијата на земјата од европскиот развој и перспективата што ја сакаат граѓаните е цената на таквата политика.