
Истрагата за марихуаната и шверцот од Македонија во Србија продолжува, потврди на денешниот брифинг надлежната обвинителка Верица Бержецка Крстева.
Таа наведе дека со истрагата и исказите на обвинетите со кои е направена спогодба за признание на вина е потврдено дека имало најмалку 5 транспорти на марихуана кон Македонија, но не може прецизно да се утврди колку вкупно е пренесена во Србија.
Засега меѓу 4-цата осомничени двајца осудени не е утврдена врска со припадници на полицијата и царината во Македонија. Истрагата сега ќе врши дополнителни анализи на листинзите на телефонските апарати на 7-те новоосомничени во истрагата за да се утврди дали имале врска со припадници на македонските гранични служби.