Случај со водата во Гостивар: И третиот тест за вода покажува значително подобрување

Сигурно е дека водата за пиење ќе биде безбедна во Гостивар почнувајќи од петок, 14 август. Третиот тест на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажа значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките параметри.

Локалниот кризен штаб во четврток за Канал 5 потврди дека тој ден се очекуваат добри резултати од примероците земени на 12 август. Доколку резултатите ја потврдат безбедноста на водата, се очекува забраната за нејзина употреба за пиење да биде укината во петок. Штабот апелираше до граѓаните да не брзаат со користење на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од Институтот за јавно здравје и Агенцијата дека водата е безбедна за консумирање.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *