
Поради случајот со контаминација на водата во Гостивар, народниот правобранител Фатон Селами побара жителите на градот да бидат ослободени од плаќање сметки за вода.
До Советот на Општина Гостивар и другите околни единици на локалната самоуправа кои ги користат услугите на локалното Јавно претпријатие „Комуналец“ ќе биде испратена препорака да не ја плаќаат таксата за вода во периодот во кој е забранета за пиење.
Сепак, засега нема одлука да се стави на дневен ред на Советот, ниту пак локалните власти знаат кога ќе се одржи седница. Во меѓувреме, водата сè уште е небезбедна за пиење.