
Во четврток, лидерот на СДСМ, Филипче, побара, како што рече, итна реакција од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи во врска со инцидентот во Ново Село, Струмичко. Според СДСМ, млади активисти на партијата биле нападнати од поддржувачи и членови на ВМРО-ДПМНЕ во среда.
Инцидентот, според тврдењата на СДСМ, се случил за време на герилска акција, односно додека младите активисти држеле транспарент во кој ги поддржувале граѓаните на Гостивар во врска со случајот со водата.
Во тој момент, премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски требало да присуствуваат како гости во локалното училиште. Полицијата за 24 ТВ изјави дека до доцна попладне не е поднесена пријава за инцидентот.
Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија обвинувањата на СДСМ, опишувајќи ги како лажни и манипулативни.