
Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него немало активна мерка што би го спречило да ја премине државната граница, известува медиумиот „360 степени“.
Официјален став за излегувањето на Марковски од земјава побаравме од Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што ни рекоа дека мерките за забрана за напуштање на државата ги определува надлежен суд или друг надлежен орган, а полицијата постапува исклучиво по донесени и активни одлуки евидентирани во службените системи.
Марковски поседува компании и друг имот во Србија. Враќањето на пасошот не е првата контроверзија поврзана со судскиот процес против него, со оглед на тоа што Судскиот совет констатира дека во Основниот суд Битола бил составен наводно во полза за газдата на „Марковски компани“ да излезе од притвор.