
Сè уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа.
Првиот примерок земен во средата денеска покажа исправност, велат од прилепскиот Центар за јавно здравје, но водата не смее да се употребува додека не се потврди од сите три примероци, најрано до вторник. Крушевчани се мачат и се снаоѓаат.
Во Прилеп пак, нема проблеми со водата за пиење. Водата е исправна, и има доволни количества иако потрошувачката е зголемена. Прилепски водовод води строга контрола, нагласуваат од претпријатието.