Директорот на комунална во Гостивар и уште двајца приведени

Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани со лициси беше спроведена во полиција. Приведени се и уште двајца соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини, и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација.

Директорката на гостиварски „Комуналец“ претходно тврдеше дека дека луѓето се затруле од храна а не дека водата е загадена. Изјави дека се правел испуст на водата од мрежата, но вода од каналот не влегла во системот за водоснабдување.

Пумпите биле користени само еднаш на 26 јуни, но не даде одговор зошто и по дваесет дена тие се уште биле во каналот со отпадни води. Правната квалификација ќе се знае по прибирање на сите докази, велат од обвинителството.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *