Обвинителите реагираат на „неактивноста“ на Уставниот суд во случајот за платите

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители реагираат поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за платите, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на јавните обвинители.

Со ваквото непостапување веќе е создаден сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите, со што директно е засегната уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство како државен орган, стои во дописот.

Очекуваат Уставниот суд, како чувар на уставноста и законитоста, да обезбеди ефикасна и навремена уставно-судска заштита на начелото на поделба на власта, владеењето на правото и уставно гарантираната самостојност на јавното обвинителство.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *