
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд поднесе предлог-обвинение против три лица обвинети за предизвикување на стечај на „Еуростандард банка“, како и предлог-обвинение против едно лице за несовесно работење во службата.
Николчо Петковски е првообвинет, додека другите три лица опфатени со процесот се Коста Костовски, син на Трифун Костовски, Зоран Николовски и самиот Трифун Костовски. Според обвинението, нанесена е финансиска штета на доверителите во износ од 1.662.417.664 денари.